Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

 ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | МОЖЕШ ДА БИДЕШ БЛИЗОК СО БОГ

Дали се чувствуваш близок со Бог?

Дали се чувствуваш близок со Бог?

„Кога си близок со Бог се чувствуваш сигурен, исполнет и стабилен. Имаш чувство како Бог постојано да се грижи за тебе“ (КРИСТОФЕР, МЛАД ЧОВЕК ОД ГАНА).

„Бог те гледа кога ти е тешко и ти посветува многу повеќе љубов и внимание отколку што можеш да си замислиш“ (13-ГОДИШНАТА АНА ОД АЉАСКА, САД).

„Најубавото чувство што некој може да го има е да знае дека е близок со Бог!“ (ЏИНА, ЖЕНА ОД ЈАМАЈКА НА ОКОЛУ 45 ГОДИНИ).

Кристофер, Ана и Џина не се единствените со вакви чувства. Многу луѓе низ целиот свет се уверени дека Бог ги смета за свои пријатели. А ти? Дали ти се чувствуваш близок со Бог? Дали би сакал да бидеш близок или уште поблизок со него? Можеби се прашуваш: „Можно ли е еден обичен човек да биде близок со Семоќниот Бог? Ако да, како?“

МОЖНО Е ДА БИДЕШ БЛИЗОК СО БОГ

Според Библијата, можно е да имаш близок, личен однос со Бог. Во неа пишува дека Бог го нарекол верниот Евреин Авраам ‚свој пријател‘ (Исаија 41:8). Исто така, забележи ја срдечната покана запишана во Јаков 4:8: „Приближете му се на Бог, и тој ќе ви се приближи вам“. Според ова, нема сомнение дека е можно да бидеме блиски со Бог, односно да бидеме негови пријатели. Но, со оглед на тоа што Бог е невидлив, како можеш ‚да му се приближиш‘ и да имаш добар однос со него?

Пред да одговориме на ова прашање, да видиме како се развива пријателство меѓу двајца луѓе. Обично во почетокот тие си го кажуваат името. Потоа, како што продолжува комуникацијата меѓу нив, разменуваат мисли и чувства, со што нивното пријателство се продлабочува. А кога прават нешто еден за друг, нивното пријателство уште повеќе се зајакнува. На сличен начин можеме да развиеме блиско пријателство и со Бог. Да видиме како.