Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Одговор на библиски прашања

Одговор на библиски прашања

Зошто треба да ја одбележуваме смртта на Исус?

Каква иднина ни овозможил Исус со својата смрт? (Исаија 25:8; 33:24)

Смртта на Исус е најзначајниот настан во историјата — тој умрел за да можат луѓето повторно да бидат совршени и да живеат вечно во рај на Земјата. Луѓето не се создадени да прават лоши работи, да се разболуваат и да умираат (1. Мојсеева 1:31). Но, сите ние сме наследиле грев од првиот човек, Адам. За да нѐ спаси од гревот и од смртта, Исус го дал својот живот. (Прочитај Матеј 20:28; Римјаните 6:23.)

Бог покажал неизмерна љубов со тоа што го испратил својот Син на Земјата да умре за нас (1. Јованово 4:9, 10). Исус им кажал на своите следбеници да се сеќаваат на неговата смрт така што ќе ја одбележуваат со едноставна прослава во која се вклучени леб и вино. Со тоа што секоја година ја одбележуваме смртта на Исус, покажуваме дека ја цениме љубовта што ни ја покажале Бог и неговиот Син. (Прочитај Лука 22:19, 20.)

Кој треба да земе од лебот и виното?

Кога Исус им кажал на своите ученици да ја одбележуваат неговата смрт, тој склучил сојуз со нив (Матеј 26:26-28). Овој сојуз им овозможил ним и на ограничен број други луѓе да бидат цареви и свештеници со него на небото. Иако милиони лица ја одбележуваат смртта на Исус, само оние што се дел од тој сојуз земаат од лебот и виното. (Прочитај Откровение 5:10.)

Речиси 2.000 години, Јехова ги избира оние што ќе владеат како цареви (Лука 12:32). Тие се малку на број во споредба со оние што ќе живеат вечно на Земјата. (Прочитај Откровение 7:4, 9, 17.)