Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | ДАЛИ ВРЕДИ ДА СЕ МОЛИШ?

Дали некој ги слуша молитвите?

Дали некој ги слуша молитвите?

Некои луѓе сметаат дека времето поминато во молитва е залудно потрошено затоа што никој не ги слуша молитвите. Други се молеле но дошле до заклучок дека Бог не им одговара на молитвите. Еден атеист кој си имал своја претстава за Бог се молел: „Барем шепни ми нешто“. Но, тој рекол дека Бог „продолжил да молчи“.

Сепак, Библијата нѐ уверува дека има некој што ги слуша молитвите. Тоа е Бог. Во неа пишува: „[Бог] навистина ќе ти се смилува кога ќе го чуе твојот лелек; штом ќе го чуе, ќе те услиши“ (Исаија 30:19). Еден друг библиски стих гласи: „Молитвата на справедливите му е пријатна [на Бог]“ (Изреки 15:8).

Исус му се молел на својот Татко и ‚бил услишен‘ (Евреите 5:7)

Во Библијата се запишани и многу извештаи за луѓе чии молитви биле услишени. Во еден библиски стих пишува дека Исус ‚упатувал молби до оној што можел да го спаси и дека бил услишен‘ (Евреите 5:7). Други примери се запишани во Даниел 9:21 и 2. Летописи 7:1.

Тогаш, зошто некои луѓе мислат дека никој не ги слуша и не одговара на нивните молитви? За нашите молитви да бидат чуени, мора да му се молиме само на Јехова, вистинскиот Бог за кој читаме во Библијата, а не на некои други богови или светци. Освен тоа, треба да му се молиме на Бог за работи што се „во склад со неговата волја“. Доколку се молиме на ваков начин, Бог нѐ уверува дека ќе ‚нѐ слушне‘ (1. Јованово 5:14). Значи, ако сакаме Бог да ги слуша нашите молитви, треба добро да го запознаеме со помош на Библијата и да дознаеме која е неговата волја.

За многу луѓе молитвата не е некаква формалност. Тие се уверени дека Бог ги слуша нивните молитви и им дава одговор. Исак од Кенија вели: „Го молев Бог да ми помогне да ја разберам Библијата. За кратко време, еден човек се понуди да ми помогне“. Хилда од Филипините сакала да ги откаже цигарите. По неколку неуспешни обиди, нејзиниот сопруг ѝ рекол: „Зошто не му се помолиш на Бог за помош?“ Откако го сторила тоа, Хилда рекла: „Бог ми помогна на извонреден начин! Се изненадив кога постепено почнав да ја губам желбата да пушам. Најпосле успеав да ги оставам цигарите“.

Дали Бог сака да ти помогне кога го молиш за некои лични грижи што се во склад со неговата волја?