ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | ДАЛИ ВРЕДИ ДА СЕ МОЛИШ?
Зошто луѓето се молат?
„Бев тежок коцкар. Се молев да добијам голема сума пари, но попусто“ (Самуел, * Кенија).
„На училиште сите требаше напамет да учиме молитви и да ги рецитираме“ (Тереза, Филипини).
„Му се молам на Бог кога се соочувам со некој проблем. Се молам и за простување на гревовите и за да бидам подобра христијанка“ (Магдалена, Гана).
Изјавите на Самуел, Тереза и Магдалена покажуваат дека луѓето се молат од најразлични причини. Некои се молат од срце, а други чисто формално. Како и да е, без разлика дали некој се моли за да добие добра оценка на училиште, за да победи неговата омилена екипа, за да има среќен семеен живот или за што и да е друго, стотици милиони луѓе чувствуваат потреба да се молат. Истражувањата покажуваат дека дури и некои лица што не припаѓаат на ниту една религија се молат редовно.
Дали и ти се молиш? Ако да, за кои работи? Без оглед на тоа дали имаш навика да се молиш или не, можеби се прашуваш: ‚Дали вреди да се молам? Дали некој воопшто ги слуша молитвите?‘ Еден писател рекол дека молитвата е само „еден вид терапија... исто како да си зборуваш со своето милениче“. Некои лекари имаат слично гледиште за молитвата и ја нарекуваат „алтернативна медицина“. Дали молитвата е само една безначајна навика или служи само како емоционален вентил?
Од Библијата дознаваме дека молитвата е нешто многу повеќе од терапија. Оваа книга ни кажува дека има некој што навистина нѐ слуша кога се молиме на исправен начин и за исправни работи. Како можеме да бидеме сигурни во ова? Да разгледаме некои докази.
^ пас. 3 Некои имиња се сменети.