ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Покажуваме љубов кога го поддржуваме начинот на кој Јехова ги укорува своите слуги
Исклучувањето е дисциплинска мерка која може да му помогне на престапникот кој не се кае за своите гревови да го смени погрешниот начин на постапување. Исто така, тоа придонесува да се заштити собранието (1Ко 5:6, 11). Кога го поддржуваме начинот на кој Јехова ги укорува своите слуги, покажуваме љубов. Но, како покажуваме љубов кога исклучувањето, всушност, им причинува болка на сите што се вклучени, во кои спаѓаат најблиските на исклученото лице и браќата од правниот одбор?
Пред сѐ, така покажуваме дека го сакаме Јехова, дека не сакаме да му нанесеме срам на неговото име и дека ги почитуваме неговите мерила за чистота (1Пе 1:14-16). Исто така, покажуваме љубов и кон оној што е исклучен. Иако предизвикува болка, строгиот укор може да донесе „плод полн со мир — праведност“ (Ев 12:5, 6, 11). Ако контактираме со некој што е исклучен или што истапил од организацијата, го спречуваме да извлече потполна корист од укорот што го добил од Јехова. Имај на ум дека Јехова казнува онолку „колку што е потребно“ (Ере 30:11). Се надеваме дека исклученото лице ќе се врати кај нашиот милостив Татко. А во меѓувреме, да продолжиме да го поддржуваме начинот на кој Јехова ги укорува своите слуги и да правиме сѐ што можеме за да останеме блиски со него (Иса 1:16-18; 55:7).
ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ОСТАНИ МУ ВЕРЕН НА ЈЕХОВА СО ЦЕЛО СРЦЕ, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:
-
Каква болка чувствуваат родителите кога нивното дете ќе го напушти Јехова?
-
Како можат браќата и сестрите од собранието да им ја дадат потребната поддршка на членовите на семејството кои му се верни на Бог?
-
Кој библиски извештај покажува дека е поважно да му бидеме верни на Јехова отколку на семејството?
-
Како покажуваме дека ни е поважно да му бидеме верни на Јехова?