ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Покажувај љубов во семејството
Љубовта е како лепак што ги поврзува членовите на семејството. Без љубов, тие не можат да бидат блиски и сложни. Како можат сопрузите, сопругите и родителите да покажуваат љубов во семејството?
Еден сопруг покажува љубов така што ги зема предвид потребите, гледиштата и чувствата на својата сопруга (Еф 5:28, 29). Тој се грижи за семејството не само во материјален туку и во духовен поглед, меѓу другото така што се труди редовно да ја одржуваат Семејната вечер (1Ти 5:8). Една сопруга покажува љубов така што му е подложна на својот сопруг и длабоко го почитува (Еф 5:22, 33; 1Пе 3:1-6). И двајцата сопружници мора спремно да си простуваат (Еф 4:32). Родителите покажуваат љубов така што се грижат за потребите на секое од децата и ги поучуваат да го сакаат Јехова (5Мо 6:6, 7; Еф 6:4). Добро е родителите да размислат за овие прашања: „Со какви предизвици се соочуваат моите деца на училиште? Како се справуваат со притисокот од врсниците?“ Кога во семејството владее љубов, сите се чувствуваат убаво и сигурно.
ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ПРОДОЛЖИ ДА ПОКАЖУВАШ ЉУБОВ ВО СЕМЕЈСТВОТО, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:
-
Како еден сопруг може да покаже дека ја сака својата жена и дека се грижи за неа?
-
Како една сопруга може да покажува длабока почит кон својот сопруг?
-
Како можат родителите да ги всадат поуките од Божјата Реч во своите деца?