7-13 март
ЕСТИРА 6-10
Песна 131 и молитва
Воведни зборови (3 мин. или помалку)
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ
„Естира самопожртвувано се зазела за Јехова и за неговиот народ“: (10 мин.)
Ес 8:3, 4 — Естира го ризикувала својот живот за другите, иако самата била на безбедно (ia 143, пас. 24-25)
Ес 8:5 — Естира била многу тактична со Ахасвер (w06 1/3 11, пас. 8)
Ес 8:17 — Многу луѓе се преобратиле во еврејската вера (w06 1/3 11, пас. 3)
Најди духовни бисери: (8 мин.)
Ес 8:1, 2 — Како се исполнило пророштвото што Јаков го кажал пред својата смрт во врска со тоа дека Венјамин ќе го дели пленот навечер? (ia 142, рамка)
Ес 9:10, 15, 16 — Иако со наредбата било дозволено да се земе плен, зошто Евреите сепак не зеле ништо? (w06 1/3 11, пас. 4)
Што учам за Јехова од материјалот за читање од Библијата за оваа седмица?
Кои мисли од материјалот за читање од Библијата за оваа седмица можам да ги применам во службата?
Читање на Библијата: Ес 8:1-9 (4 мин. или помалку)
ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА
Подготви ги презентациите за овој месец: (15 мин.) Дискусија. Пушти ги двата видеоклипа со предлог-презентациите и дискутирајте за главните мисли. Потоа обработете ја статијата „Стани повешт во службата — смисли своја презентација“.
ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
„Срдечно да ги пречекаме гостите“: (15 мин.) Дискусија. Замоли ги присутните да раскажат убави искуства како резултат на тоа што срдечно ги пречекале гостите на Спомен-свеченоста минатата година. Нека биде одглумено некое особено впечатливо искуство.
Собраниско проучување на Библијата: ia погл. 10, пас. 12-21 и повторување на поглавјето (30 мин.)
Повторување и најава за следниот состанок (3 мин.)
Песна 147 и молитва