„Кој сака да биде голем меѓу вас, нека ви биде слуга“
Горделивите фарисеи и книжници сакале да ги воодушевуваат луѓето и сакале другите да им искажуваат чест (Мт 23:5-7). Исус не бил таков. „Синот човечки не дојде да му служат, туку да служи“ (Мт 20:28). Дали повеќе сакаш да извршуваш задачи кои другите ги забележуваат и за кои најверојатно ќе бидеш пофален? Ако сакаме да бидеме големи во Јеховини очи, треба да се трудиме да бидеме како Исус и да им служиме на другите. Ова вклучува задачи кои честопати другите не ги забележуваат. Но Јехова ги забележува (Мт 6:1-4). Оној што понизно им служи на другите ќе...
-
учествува во чистењето и одржувањето на салата
-
им помага на остарените и другите
-
дава доброволни прилози за делото