Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Давид излегува да се бори со Голијат

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ

„Битката е на Јехова“

„Битката е на Јехова“

Верата на Давид во Бог се темелела на знаење и на искуство (1Са 17:36, 37; wp16.5 11, пас. 2-3)

Давид не се споредил себеси со Голијат, туку го споредил Голијат со Јехова (1Са 17:45-47; wp16.5 11-12)

Јехова му помогнал на Давид да извојува победа врз еден моќен и застрашувачки непријател (1Са 17:48-50; wp16.5 12, пас. 4; види ја сликата на насловната страница)

Понекогаш може да се соочиме со големи предизвици, на пример, можеби треба да истраеме под прогонство или да надминеме некоја лоша навика. Кога проблемите ни изгледаат преголеми, да имаме на ум дека тие се мали во споредба со Јеховината неограничена моќ (Јов 42:1, 2).