ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Три начини да се потпираме на Јехова
Давид го поразил Голијат бидејќи се потпирал на Јехова (1Са 17:45). Јехова сака да ја користи својата сила за да ги штити сите свои слуги (2Ле 16:9). Како може да се потпираме на помошта што ни ја дава Јехова наместо на своето искуство и способности? Еве три начини:
-
Моли се често. Освен што ќе се молиш за простување на грешките, моли се и за сила додека се соочуваш со некое искушение (Мт 6:12, 13). Освен што ќе го молиш Јехова да ги благослови одлуките што веќе си ги донел, моли се за мудрост и водство пред да донесеш одлуки (Јк 1:5).
-
Редовно читај ја и проучувај ја Библијата. Секој ден читај ја Библијата (Пс 1:2). Размислувај за библиските примери и применувај го она што си го научил (Јк 1:23-25). Подготвувај се за службата наместо да се потпираш на своето искуство. Извлечи потполна корист од собраниските состаноци така што однапред ќе се подготвуваш за нив.
-
Соработувај со Јеховината организација. Биди во тек со упатствата од организацијата и веднаш применувај ги (4Мо 9:17). Слушај ги старешините кога даваат совети и упатства (Ев 13:17).
ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ НЕМА ПРИЧИНА ДА СЕ ПЛАШИМЕ ОД ПРОГОНСТВО, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:
• Какви стравови имаа браќата и сестрите?
• Што им помогнало да ги совладаат своите стравови?