Што очекува Бог од мене?
Што вели Библијата:
Бог сака да дознаеш каква личност е тој, да станеш близок со него, да го сакаш и да му служиш со цело срце (Матеј 22:37, 38; Јаков 4:8). Од животот и учењата на Исус можеш да научиш како да ја вршиш Божјата волја (Јован 7:16, 17). Освен што зборувал за Божјата волја, Исус и живеел според неа. Всушност, тој рекол дека не дошол на Земјата за ,да ја врши својата волја, туку волјата на оној што го испратил‘ (Јован 6:38).
Дали Бог преку некој посебен знак, сон или видение ќе ми покаже што очекува од мене?
Не. Она што Бог сакал да им го каже на сите луѓе е запишано во Библијата. Во неа се наоѓа сето она што ти е потребно за да бидеш „потполно опремен за секое добро дело“ (2. Тимотеј 3:16, 17). Бог сака да ја читаш Библијата и притоа да го користиш „својот разум“ за да дознаеш што очекува од тебе (Римјаните 12:1, 2; Ефешаните 5:17).
Можам ли да живеам онака како што очекува Бог?
Да, можеш. Библијата вели: „Божјите заповеди не се претешки за нас“ (1. Јованово 5:3, Easy-to-Read Version). Иако нема секогаш да ни биде лесно да ги слушаме, вреди да вложиме труд бидејќи тие се за наше добро. Исус рекол: „Среќни се оние што ја слушаат речта Божја и ја држат!“ (Лука 11:28).