Префрли се на текстот

МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ

Како да ја контролирам лутината?

Како да ја контролирам лутината?

 Квиз

  •  Колку често се случува да се налутиш?

    •  скоро никогаш

    •  понекогаш

    •  секој ден

  •  До кој степен се лутиш?

    •  малку

    •  многу

    •  вријам

  •  На кого најчесто се лутиш?

    •  на родителите

    •  на брат ми или сестра ми

    •  на пријателите

 Ако ти е тешко да ја контролираш лутината, оваа статија ќе ти помогне! Прво, размисли за некои причини зошто е важно да останеш смирен во напната ситуација.

 Зошто е важно

 Поради твоето здравје. Изреки 14:30 вели: „Мирното срце е живот за телото“. А списанието Journal of Medicine and Life вели дека „лутината може да има директно влијание врз кардиоваскуларните болести“.

 Поради твоите пријатели. Библијата вели: „Не дружи се со оној што е склон кон лутина и не оди со човек кој лесно се разгневува“ (Изреки 22:24). Затоа ако често се лутиш, не се чуди ако другите те избегнуваат. „Ако не научиш да се контролираш“, вели една девојка по име Џасмин, „ќе изгубиш скапоцени пријателства“.

 Поради твојот углед. „Ако лесно се лутиш“, вели 17-годишниот Итан, „другите ќе забележат и тоа ќе влијае врз нивното мислење за тебе“. Прашај се: „Дали сакам да бидам познат како некој што ја смирува ситуацијата или како темпирана бомба?“ Библијата вели: „Кој е бавен на гнев, многу е разборит, а кој е нестрплив, покажува глупавост“ (Изреки 14:29).

Никој не сака да биде во друштво на некој со избувлив темперамент

 Што можеш да правиш

 Размисли за следниве стихови и изјави и постави си ги наведените прашања.

  •   Изреки 29:22: „Човек што е склон кон гнев, предизвикува караница, и избувливиот човек прави многу престапи“.

     „Во раните тинејџерски години, најтешко ми беше да ја контролирам лутината. Роднините од страната на татко ми го имаат истиот проблем. Ние си велиме дека тоа ни е во гените. Многу ни е тешко да си го контролираме темпераментот!“ (Кери).

     Дали лесно се лутам? Ако сметам дека јас сум заслужен за добрите особини што ги имам, тогаш дали е разумно да ја обвинувам генетиката за оваа лоша особина?

  •   Изреки 15:1: „Благиот одговор го смирува гневот, а остриот збор предизвикува лутина“.

     „Многу е важно да научиш да ги контролираш твоите чувства. Ако се трудиш да бидеш благ и да се фокусираш на позитивното, нема лесно да се лутиш“ (Дарил).

     Кога некој ќе ме изнервира, зошто е важна мојата прва реакција?

  •   Изреки 26:20: „Кога снемува дрва, огнот згаснува“.

     „Кога одговарам на љубезен начин, тоа обично го смирува другиот и можеме да разговараме без чувствата да излезат од контрола“ (Џасмин).

     Како можат моите зборови и постапки да додадат масло на огнот?

  •   Изреки 22:3: „Паметниот човек го гледа злото и се трга, а глупавите одат понатаму и ја трпат казната“.

     „Понекогаш само треба да си заминам и да си дадам време да размислам за она што се случи, а подоцна кога ќе се смирам, можам да го решам проблемот“ (Гери).

     Кога можеби е најдобро да си заминеш од една напната ситуација без притоа да оставиш впечаток дека го отфрлаш другиот?

  •   Јаков 3:2: „Сите ние честопати грешиме“.

     „Треба да ни е жал за нашите грешки, но треба и да учиме од нив. Кога ќе паднеме, треба веднаш да станеме и да бидеме решени следниот пат да постапиме подобро“ (Кери).

 Предлог: Постави си цел. Биди решен, одреден период — можеби еден месец — да не се лутиш. Води си дневник и запишувај како напредуваш.