Дали Јеховините сведоци се толерантни кон другите религии?
Се придржуваме за библискиот совет да ,го почитуваме секого‘, без оглед на неговите верски убедувања (1. Петрово 2:17). На пример, во некои земји има стотици илјади Јеховини сведоци. Сепак, не се обидуваме да им извршиме притисок на политичарите или на законодавците да ги ограничат или да ги забранат активностите на другите религии. Исто така, не спроведуваме кампањи за да воведеме закони со кои ќе им ги наметнеме нашите морални и верски убедувања на другите луѓе. Наместо тоа, покажуваме кон другите иста таква толеранција каква што би сакале да биде покажана кон нас (Матеј 7:12).