Обиколки на Бетел
Срдечно те покануваме да ги разгледаш нашите подружници, односно Бетели. Во некои од нашите подружници има изложби кои може самостојно да се разгледаат.
Повторно има обиколки: Од 1 јуни 2023 год., повторно има обиколки во Бетелите во многу земји. За повеќе информации, стапи во контакт со подружницата која би сакал да ја посетиш. Те молиме да не доаѓаш на обиколка доколку си позитивен на КОВИД-19, имаш симптоми на настинка или грип или неодамна си бил во контакт со некој што е позитивен на КОВИД-19.
Мадагаскар
Информации за обиколката
Дали треба однапред да закажеш обиколка? Доколку е можно, те поттикнуваме да го сториш тоа. За да се избегне гужва и за да може секој да ужива во обиколката, ги замолуваме оние што сакаат да го посетат Бетел, без разлика на големината на групата, да закажат однапред.
Дали ќе можеш да имаш обиколка доколку не си закажал однапред? Да. Сепак, секој ден само одреден број луѓе можат да ја посетат подружницата бидејќи просторот е ограничен.
Кога треба да дојдеш на закажаната обиколка? За да се избегне гужва, те молиме да не доаѓаш повеќе од еден час пред закажаниот термин.
Како можеш да закажеш обиколка? Кликни на „Закажи обиколка“.
Дали можеш да го смениш терминот или да ја откажеш обиколката? Да. Кликни на „Провери го или смени го терминот“.
Што ако нема слободен термин во денот кој тебе ти одговара? Продолжи да проверуваш на страната бидејќи, во меѓувреме, термините на некои обиколки можат да бидат сменети или откажани.
Закажи обиколка
Провери го или смени го терминот
Адреса и телефонски број
Lot 1207 MC
Mandrosoa
105 IVATO
MADAGASCAR
+261 3422-44837
+261 3302-44837
+261 3207-44837
Најди ја локацијата